НИВО 1 - ОСНОВЕН СЕМИНАР

Овој Семинар има за цел да им помогне на учесниците да стекнат основно разбирање за користа од Јога Медитацијата, за ефектот од Отварањето на Енергетските Центри (или главните нервни точки) на телото и за способноста да се активира и насочува течението на Спиритуална Енергија. Во програмата е вклучено предавање за местоположбата и улогата на Енергетските Центри и за примената на Јога Медитација со Спиритуална Енергија. Понатаму, на семинарот се врши обука на техниките за превентива и неутрализирање на енергетските недостатоци предизвикани од болестите со Употреба на Спиритуална Енергија. На ова Ниво со помош на инструкторот на учесниците им се отвараат Енергетските Центри на 100%.

Понатаму, учесниците ќе научат за способноста и употребата на Чакра 6 во техниката за комуницирање со Чакрите. Со помош на оваа вежба, учесниците почнуваат да ја развиваат способноста за ментално насочување на енергијата со цел да се стимулираат директно Чакрите, а индиректно органите на нивното тело кои на нив гравитираат. Тоа е превентивна техника за практикантите кои што се здрави, а истовремено може да им ги зголеми можностите за оздравување на практикантите кои што имаат физички проблеми.

На крај, учесниците добиваат способност да почнат да ги разбираат проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот.

ПРЕДУСЛОВИ: Секој човек постар од 14 години може да ги посетува семинарите
(чакрите на болните деца од 8 год. и на сите болни луѓе можат да им се отворат со цел да им се помогне во нивното оздравување)

ДАТУМ: 9, 10 и 11 Мај.

ВРЕМЕ на 9 Мај: од 18:00 до 20:30 (пауза од 19:00 до 19:30)

ВРЕМЕ на 10 Мај: од 10:00 до 14:30 (пауза од 11:30 до 12:30)

ВРЕМЕ на 11 Мај: од 10:00 до 14:30 (пауза од 11:30 до 12:30)

МЕСТО: Во големата сала на 2 кат, во зградата на Социјалистичка Партија на Македонија наспроти влезот на Градска Болница.

ПРИЈАВУВАЊЕТО: е 30 минути пред почетокот на семинарот, во салата задолжително е носење на беџот на видливо место и седење на бројот на местото означено на беџот. Седиштата се нумеризирани, бројот на местата е ограничен, а местата ќе се добиваат според редоследот на пријавувањето. Се молат учесниците кои што сакаат да седат еден до друг да се пријават истовремено.

За време на Семинарите се молат сите учесници

1. Да бидат влезени во Салата најдоцна 5 минути пред почеток на Семинарот.
2. За влез во Салата УЧЕНИЦИТЕ задолжително да го носат на видно место идентификациониот беџ кој што го добиваат при пријавувањето и задолжително да седат на местото означено со бројот на беџот.
3. За СЛУШАТЕЛИТЕ кои што веќе го завршиле Основниот Семинар во Спиритуална Јога - Македонија влезот е слободен, под услов да дојдат најкасно 10 минути пред почеток на Семинарот и задолжително да носат диплома од нивото кое што го повторуваат издадена од Спиритуална Јога - Македонија проследена со документ за лична идентификација.
4. Да не разговараат и излегуваат од Салата за време на предавањето.
5. Да не внесуваат и консумираат храна и пијалоци освен вода во Салата.
6. Да ги исклучат мобилните телефони за време на предавањето.
7. Да не пушат во Салта и ходникот пред Салата, а пушачите се молат да пушат еден спрат подолу или надвор пред зградата.

Учесниците кои што нема да ги почитуваат горе наведените молби, ќе бидат замолени да ги напуштат просториите на Социјалистичка Партија.

Назад на претходната страна