НИВО 2 (НИВО 6)

ОПИС: На ова Ниво, учесниците научуваат подобар метод за третирање кој вклучува многу техники за употреба на нивните капацитети за примање и предавање на психо-енергетски бранови во многу различни аспекти, почнувајќи од превентива, преку третирање на енергетски недостатоци предизвикани од физичките болести, па до проучување и експериментирање на ефектите на Спиритуалната Енергија во агрикултурата, времето, животната околина и тоа да го применат за да му помогнат на нивното семејство, на заедницата, на местото во кое што живеат и на нивната татковина. Учесниците исто така учат и за други теми кои се однесуваат на спиритуалниот развој.

ПРЕДУСЛОВИ: Завршено Ниво 1 (Основен Семинар).

ДАТУМ: 20, 21 и 22 Јуни 2008 г.

ВРЕМЕ на 20 Јуни: од 18:00 - 19:30

ВРЕМЕ на 21 и 22 Јуни: од 10:00 - 15:00 (пауза од 12:00 до 13:00)

МЕСТО: Социјалистичка Партија на Македонија

ПОСЛЕДЕН ДЕН на ПРИЈАВУВАЊЕ: 6 Јуни, од 16:30 до 19:30 часот во просториите на Социјалистичка Партија на Македонија со уплата за нарачка на Пирамидите.

Беџот со бројот на седиштето можете да го подигнете најкасно 30 минути пред почеток на Семинарот.
Во салата задолжително е носење на беџот на видливо место и седење на бројот на местото означено на беџот.
Седиштата се нумеризирани, бројот на местата е ограничен, а местата ќе се добиваат според редоследот на пријавувањето.
Се молат учесниците кои што сакаат да седат еден до друг да се пријават истовремено.

За време на Семинарите се молат сите учесници

1. Да бидат влезени во Салата најдоцна 5 минути пред почеток на Семинарот.
2. За влез во Салата УЧЕНИЦИТЕ задолжително да го носат на видно место идентификациониот беџ кој што го добиваат при пријавувањето и задолжително да седат на местото означено со бројот на беџот.
3. За СЛУШАТЕЛИТЕ кои што веќе го завршиле Семинарот за Средно Ниво 1 во SHY-Makedonija влезот е слободен, под услов да дојдат најкасно 10 минути пред почеток на Семинарот и задолжително да носат диплома од Средно Ниво 1 издадена од SHY-Makedonija проследена со документ за лична идентификација.
4. Да не разговараат и излегуваат од Салата за време на предавањето.
5. Да не внесуваат и консумираат храна и пијалоци освен вода во Салата.
6. Да ги исклучат мобилните телефони за време на предавањето.
7. Да не пушат во Салта и ходникот пред Салата, а пушачите се молат да пушат еден спрат подолу или надвор пред зградата.

Учесниците кои што нема да ги почитуваат горе наведените молби, ќе бидат замолени да ги напуштат просториите на Социјалистичка Партија на Македонија.

Назад на претходната страна